Модата на црвениот тепих на Холивудските филмски награди

 

Сезоната на филмски награди официјално започна. Синоќа во хотелот „Беверли Хилтон” во Калифорнија се одржа доделувањето на наградите „Hollywood Film Awards”.   По тој повод, на манифестацијата пристигнаа звучни имиња од холивудската А листа, меѓу кои и Никол Кидман, Глен Клоус, Хју Џекман, Амандла Стенберг, Констанс Ву и многу други..

Никол Кидман ја освои наградата за кариера, Глен Клоус ја освои наградата за најдобра актерка за нејзината улога во филмот „The Wife“, а Хју Џекман ја освои наградата за најдобар актер за неговата улога во филмот „The Front Runner“.  Дамиен Чазел ја освои наградата за најдобар директор за филмот „First Man“. За најдобар филм беше прогласен „Black Panther”, а оваа година наградата за најдобра анимација им припадна на „Incredibles 2″.

 

Слични статии